Ивановски се сели во Хајдук

Повремениот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски (28) ќе го предводи нападот на Хајдук во следната сезона. Хрватските медиуми јавуваат дека преговорите со довчерашниот фудбалер на Славен Белупо се готови, но официјалната потврда ќе биде соопштена по 15 јуни, кога на Ивановски му истекува договорот со клубот од Копривница. Родениот битолчанец ја заврши сезоната како трет стрелец во хрватското првенството со 15 голови, иако одреден период отсуствуваше од терените поради повреда. Тренер на популарните сплитски „били“ е Жељко Копиќ, кој на „Пољуд“ дојде токму од редовите на „фармацевтите“.