Ивана Трамп ја избра мис универзум на Хрватска за 2018 година

Хрватска– Првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп (69), допатува од Њујорк во Загреб за да биде член на жирито кое избираше мис универзум на Хрватска за 2018 година.

Од 19 убавици победи Миа Појатина (22) од Нова Градишка која дипломирала на медицинско-лабораториска дијагностика на Здравствениот универзитет во Загреб. Таа ќе ја претставува Хрватска на светскиот избор кон крајот на годината.

Ивана во Загреб ја промовираше и својата книга „Воспитувањето на Трампови“. При пристигнувањето се пожали на долгиот лет, зашто нема директен лет Њујорк-Загреб, па морала преку Белград. Таа во интервјуто за хрватска „Глорија“ откри дека за воспитувањето на децата, а со Трамп ги има три: Иванка (36), Доналд Помладиот (40) и Ерик (34), битни се две работи: постојано да бидат вклучени во некаква активност и да не им се дава премногу пари.

Својот поранешен сопруг го пофали дека добро ја води Америка, а напомена дека најголема маана му била што јадел многу брза храна.