Ивана Кнез: 40 венчаници за 40 дена невестински моменти

Дизајнерката Ивана Кнез дизајнираше 40 венчаници за 40 дена невестински моменти. Вели, најубавиот момент во животот е кога ќе ве побараат за жена. Од наредниот ден првото нешто што ќе ви дојде на ум е венчалниот фустан и гардеробата за вашите деверици за да во целост го направите тој ден магичен.

„Оваа година сакаме секоја невеста да има уникатен Драма фустан од соништата, пропратен со модни детали, како и нејзините најсакани, девериците да бидат облечени во тренди стил. Нашите пријатели ќе се погрижат за нивната шминка, слатка маса од вкусни торти и колачи, фотографии и видео, како и декорации и уникатни покани, вели Кнез.