Зоне Замфирова влезе во дипломатија

САД– Една од најубавите српски актерки Катарина Радивојевиќ (40), најпозната по улогата на Зона Замфирова од истоимениот хит-филм на Здравко Шотра од 2002 година,  , од неодамна е дел од српскиот конзулат во Њујорк, пишува весникот „Новости“.

Таа потпишала договор на три месеци да биде надворешен соработник во дипломатското преставништво за работи врзани со културата.

Српската глумица која пред неколку години се пресели во Лос Анџелес се пробива на американскиот филмски пазар. Американските медиуми пишуваа дека била во врска со глумецот Бенисио дел Торо и дека двојката од пред неколку месеци веќе не е заедно.

Катарина и во Србија снима се помалку, а последната улога ја имаше во хит-серијата „Убијците на мојот татко“. Беше во жирито на интернационалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ кога учествуваше нашата поп-ѕвезда Елена Ристеска.