ЗОИ 2018: По две децении Русите ќе играат финале во хокеј

Хокеарите на Русија кои на ЗОИ во Јужна Кореја настапуваат под олимпиското знаме ќе играат во финалето, откако денеска во првото полуфинале ја победија Чешка со 3:0.

За Руите ова ќе биде прв финален меч на олимпискиот турнир во хокеј по пауза од 20 години.

По нерешените 0:0 во првата третина, следуваа 2:0 во вториот и 1:0 во третиот период за руските хокеари.

Во второто полуфинале попладнево од 13 часот и 10 минути се среќаваат Канада и Германија.