ЗОИ 2018: КАС започна процес против Русинот Крушелницки за допинг

Спортскиот арбитражен суд (КАС) потврди дека е отворен случај против рускиот олимписки атлетичар Александер Крушелницки.

Тој е обвинет за кршење на антидопинг правилата.

Крушелницки освои бронзен медал во турнирот во карлинг за мешани тимови во Пјонгчанг, со неговата сопруга Анастасија Бризгалова.

Се уште не е определен датум за сослушување. КАС соопшти дека нема да даде повеќе детали додека не заврши случајот.

Првиот примерок земен од Русинот покажал знаци на мелдониум. Отворањето на случај во КАС значи дека примерокот „Б“, исто така, има позитивен резултат, објавија руските медиуми.