Змија во чевел пропатува три континенти и се „преслече“

Една змија се скрила во чевел во патнички куфер, пропатувала три континенти и поминала околу 15.000 километри од Австралија до Шкотска, јавија во понеделник австралиските медиуми.
Неотровниот џуџест питон пронајден е во петокот во чевла на Моара Боксал, која се враќала од летен одмор од Австралија, пренесе австралиски ABC.
пол Аирли, нејзиниот зет, кој со семејството живее со градот Мекеј во Квинсленд, за австралиската телевизија рече дека питонот бил скриен во чевелот во куферот и за сите бил изненадување.
„Моара не очекуваше дека ќе најде змија кога се распакува по враќањето дом во Шкотска. Неверојатно е дека џуџестиот питон стигна од Мекеј до Глазгов, а никој не го забележал“. вели Аирли.
„Змиите на Шкотите им се туѓи, исто како снегот на жителите на Квинсленд“, се пошегува тој.
И не само што змијата пропатува 15.000 километри, туку на патувањето во чевелот преку три континенти, ја отфрлила и кожата, што се гледа од фотографиите кои ги објавија локалните медиуми.
Питонот во моментот се наоѓа во карантин во Шкотска.