„Златна четка“ за уметникот Стефан Димовски

Стефан Димовски е добитник на наградата „Златна четка“ за 2017 година на изложбата „МиниАРТура“ oрганизирана од страна на Друштвото на ликовни уметници.

Ова е деветто издание на изложбата на која со свои дела се претставуваат автори – членови на ДЛУМ.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.

Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така, своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција. Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE D`ARTE MODERNA no.11 (EDITRICE D`ARTE CIDA ROMA 2010/2011). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. (FOIRES AUX CRОUTES DES PEINTRES ET DES AQUARELLISTES – Saint Raphael, France 2011).