,,Златна бубамара на популарноста 2019“: Да се предадеме на смеа и музика

Манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ќе се одржи на 21-ви февруари во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје.

Слоганот на претстојното забавното шоу е -Да се предадеме, а организаторите во свој стил ја најавија програмата за настанот.

-Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ,,Златна бубамара на популарноста”.

Време е да се предадеме – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме – на лажење, крадење и неверства…Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта…

Фото: Б. Грданоски