„Златен глобус 2019“: Наградата „Сесил Б. Демил“ за Џеф Бриџис

САД-Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд одлучија наградата „Сесил Б. Демил“ за 2019 година да ја добие актерот Џеф Бриџис, веќе неколкупати номиниран за „Златен глобус“.

Наградата се врачува за особен придонес во филмот и филантропијата и ќе му биде врачена на Бриџис на 6 јануари. Актерот е познат по своите улоги во филмовите “The Big Lebowski,” “Crazy Heart,” “True Grit,” and “The Fabulous Baker Boys.”

Досегашни добитници на наградата се Џорџ Клуни, Роберт де Ниро, Одри Хепберн, Харисон Форд, Џоди Фостер, Софија Лорен, Мартин Скорцезе, Стивен Спилберг, Мерил Стрип, Барбра Стрејсенд, Дензел Вашингтон, Опра Винфри…