Зидан очекува тежок натпревар против Баерн

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека очекува тежок реванш со Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите утре, и покрај победата со 2:1 на стадионот „Алијанц Арена“.
Баварскиот гигант се наоѓа во невидена досега серија од шест последователни порази против „белите“, ако се земе предвид и победата на Реал со 4:2 по продолженија минатата сезона (1:2 во регуларното време).
– Баерн нема комплекс од Реал. Јас барам од сите наши играчи да одиграат голем натпревар. Навивачите мора да бидат зад нас од првата до последната минута и да не поддржат како никогаш досега. За да се пласираме во финалето, треба да сме добри во сите аспекти од играта. Ова е нашиот натпревар на годината, изјави Французинот пред дуелот, кој е на програма утре од 20:45 часот.