Зидан: Би се радувал повеќе на титулата во Ла Лига, отколку во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека би се радувал повеќе на титулата во Примера, отколку на третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите.

Според францускиот тренер, освојувањето на шпанскиот шампионат е најтешка задача. Зизу додаде дека нема друго објаснување зошто неговиот Реал е поуспешен во Европа отколку на домашната сцена.

– Немам објаснување за ова. Сакаме да освоиме сe, но понекогаш, како што беше случај и оваа година, не бевме многу стабилни и имавме тешки периоди, особено кога станува збор за постигнување голови. За мене е повозбудливо да го освојам првенството, бидејќи тоа е најтешкото нешто. Мислам и дека играчите го сакаат истото. Во Лигата на шампионите, гледајќи ја историјата на клубот, никој не може да се спореди со нас“, изјави Зидан пред реванш-дуелот од четвртфиналето на ЛШ против Јувентус.

Реал победи со 3:0 во Торино и очекува многу посмирен меч на „Сантијаго Бернабеу“.