Здравствената состојба на Оливер Драгоевиќ се подобрува

Здравствената состојба на Оливер Драгоевиќ се подобрува. Неговиот син Дино ги потврдил  одличните вести

Оливер Драгоевиќ имаше само една Божикна желба, а таа е празниците да ги помине во својот дом во Сплит опкружен со најблиските. Неговата желба се исполни, а изгледа дека пејачот нема да се врати на болничкото лекување.

-Таткото ми е добар, многу подобро отколку што беше во изминатите недели. Сега сме сите дома, а тој е позитивен, ниту еднаш не го окупирале некои црни мисли и тоа е најголемата сила”, открива Дино.

Во средината на декември, Оливер беше итно хоспитализиран, бидејќи неговата состојба се влоши. Неговото тело дополнително го исцрпило хемотерапијата, што, според неодамнешните наоди, резултирале со плод. “Последните резултати од ЦТ – прегледот покажаа дека овој рак е значително намален, а изгледаше дека хемотерапијата и зрачењето го направиле своето, а се надеваме дека така и ќе остане, изјавил за медиумите синот на Драгоевиќ.