Зголемен број на автобуси по повод верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник Задушница, утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од ЈСП.

Како што соопштуваат оттаму, утре дополнителни автобуси (термини) на линија 59 ќе бидат од Карпош: 9:00, 10:30, 12:00, 13:30 и 15:00 часот, од Гробишта Бутел: 9:45, 11:15, 12:45, 14:15, 15:45 часот,

Задутре, во сабота, дополнителни автобуси (термини) што ќе сообраќаат на линија 59 ќе бидат од Карпош 3 во: 7:00, 8:10, 8:35, 9:40, 10:05, 11:10, 11:35, 12:40 часот и од Гробишта Бутел: 7:45, 8:55, 9:20, 10:25, 10:45, 11:55, 12:20 и 13:25 часот.