Згодна мисица дојде по милионот на банкарот и ја засени Лила (ФОТО)

Досега во квизот „Се или нешто“ гостуваа голем број натпреварувачи и секој од нив со себе донесе уникатна приказна.

Но, овој пат банкарот имаше работа со згодна мисица по име Надица Димковска, која има освоено голем број титули, меѓу кои и Мис на Македонија.

Иако Надица не успеа да го освои милионот, сепак успеа барем за кратко да го украде вниманието од познатата водителка, која на крајот од квизот застана до неа за да ја покаже разликата во висината.