За BBC Приштина е најгрда престолнина во Европа

Приштина изгледа е најгрда престолнина во Европа, оцени репортер на  BBC, кој во 2018 година се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово.
Наведува дека уредно платил соба без вода во хотелот, и одлучил следните два дена да ги искористи за обиколка на градот изграден во комунистички стил од бетонски блокови и неговите, како што вели валкани улици.
„Не мислам дека се работи за најлошиот хотел на светот, но само затоа што светот е многу голем“, се повикува новинарот на изјавата на Хашим Тачи и додава дека на култниот сајт Lonely Planet, Приштина е опишана како „едно не многу естетски места“. а The Boston Globe ја опишува како „најгрда и најсмешна престолнина во Европа“.
Првото место кое новинарот на BBC го посетил е Националната библиотека на Косово, која на порталот Виртуелен турист, добила признание за најгрда зграда. а нејзината ограда потсетува на затвор.
Со иронија заклучува дека тоа што во Приштина се наоѓа катедралата „Мајка Тереза“, а Ватикан не ја признава косовската независност. Но и затоа што 90 отсто од населението се од исламска вероисповест.
Вели дека до 14 век повеќето албанско населени било католичко и дека по турското освојување се се променило, и од тогаш само 3 отсто од населението е христијанско.