За 2 милијарди долари: „Версаче“ оди во историјата

САД– Преку склучување на договор „тежок“ 1,83 милијарди евра (2,12 милијарди долари), брендот „Мајкл Корс“  го купи планетарно популарниот бренд „Версаче“ и од компанијата најавија дека ќе го сменат името во „Капри Холдингс”.

Возбудени сме што „Версаче“ ќе стане дел од нашето семејство на луксузни брендови, а ние сме посветени на инвестирањето во неговиот раст, рече претседателот и главниот директор на „Мајкл Корс“, Џон Идол во соопштението за медиуми.

Модната куќа ,,Версаче” постои од 1978 година , а ја основаше Џани Версаче , кој беше убиен пред својата вила на 15 јули 1997 година , од кога со компанијата раководи неговата сестра, Донатела. „Версаче“ е 80% во сопственост на семејството, а преостанатите 20 отсто ги поседува приватната компанија „Blackstone Group“.

– Донатела ќе продолжи да води креативна визија на компанијата, изјави Идол.

Новиот сопственик планира да го зголеми продажниот објект на Версаче за 200 до 300 продавници. Со тоа, планира и да го зголеми прометот за 2 милијари долари, делумно со зголемување на процентот на обувки и аксесоари, кои се подостапни и полесно се продаваат.

Мајкл Корс е познат како луксузен бренд, иако е помалку ексклузивен, а неговите пониски цени означуваат далеку поширока клиентела. Минатата година го купи брендот „„Џими Чу“ за скоро 900 милиони фунти.

Кој е Мајкл Корс?

Мајкл Корс е роден во 1959 година на Лонг Ајленд во Њујорк, САД. Студираше актерство, но веќе на 14 години одлучил да стане моден дизајнер. Се запишал на „Fashion Institute of Technology“ во Њујорк, но по девет месеци ја напушти. Корс во 1981. година ја започнал својот прв бренд за женска гардероба.

Корс потоа работел за „Chapter 11“ во 1993. година, но и таа работа ја напушта во 1997. година кога торно ја лансира марката гардореба со пониски цени. Корс бил и првиот дизајнер женската „ready to wear“ гардероба во луксузната модна куќа „Селин“. Ја напушта во 2003. година, за да повторно се сконцентрира на сопствениот бренд.

Критичарите се согласуваат дека со преземањето од страна на американската компанија , би можела да замре модниот бренд ,,Версаче” , чија женска чанта во просек чини 2 000 долари , додека чантите на Мајкл Корс може да се набават и за 100 долари. На социјалните мрежи не престануваат лутите коментари , во кои фановите на ,,Версаче “ го изразуваат своето негодување од преземањето и угинувањето ан еден од најпознатите светски брендови.

Моделите на ,,Версаче” се синоним за луксуз и елеганција , а ги носеле најубавите и најпознати жени на светот како Анџелина Џоли, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Ема Робертс, Ева Лонгорија, Гвинет Палтроу, Хали Бери и многу други.