За 15 години 330.000 Албанци станале државјани на земјите на ЕУ


Од 2002, па до крајот на минатата година, околу 330.000 албански државијани кои живеат надвор од земјата, земале државјанство на некоја од државите членки на Европската Унија, потврди европската статистичка служба Еуростат.

Грција и Италија се двете земји кои доделиле најголем број државјанства на албанските емигранти. Така, околу 150.000 албански граѓани добиле грчко, а околу 148.000 италијанско државјанство. Албанската заедница е втора по бројност во Италија.

Според Еуростат, во Италија во 2017 година имало околу 448.000 албански државјани, додека не се наведени податоци за бројот на Албанците што живеат и работат во Грција.

На трето место, според издаден државјанства на албански граѓани, е Велика Британија со 11.000, па Германија со 5.700.

Во 2017 година речиси се преполовил бројот на албанските граѓани во Германија, од 74.000 илјди на 49.000. Поголемот број од нив биле баратели на азил кои им е одбиено барањето, по што се депортирани во Албанија. Од 2011 до 2017 годна за азил во ова земја аплицирале 90.000 албански граѓани, но поголемиот број од нив добиле негативен одговор.

Белгија за споменатиот петнаесетгодишен период доделила 5.000 државјанства на граѓани на Апбанија, Франција 3.400, а Шведска и Австрија по илјада.

Според албанскиот државен Институт за статистика ИНСТАТ,  надвор од Албанија живеат 1,6 милиони албански државијани. Од вкупниот број, 825.000 или 53 отсто се мажи, а 755.600 жени.