За Титаник ќе се суди до 18 часот

Најобемниот предмет на СЈО Титаник во кој им се суди на дваесетина високи функционери рочиштата ќе траат до 18 часот. Во текот на судењето ќе има две паузи од по еден час, за да може поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да го надои своето бебе.
Јанкулоска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески побараа СЈО да ја докаже автентичноста на доказите. Тие тврдат дека со тоа што биле прислушувани им се нарушени човековите права.
Ова е прво рочиште по судската ферија.
Досега се закажани две рочишта за ова судење.
Ф.Ф.С.