За инаугурацијата за претседател: Трамп потрошил 10 илјади долари за шминка

САД– За да изгледа добро за инагурацијата за претседател и на балот, пред две години во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп (72) потрошил 10 илјади долари за шминка, пренесуваат американските весници. Најмногу од ставката отишла за 250 шишенца бронзер, за потемнување на лицето. . Трамп потрошил уште 30 илјади долари за трошоците на персоналот за инаугурација- хотелски соби, такси, перење на облеката…Овие трошоци Трамп не ги платил од свој џеб, туку од буџетот за инаугурација кој изнесувал 107 милиони долари.

Трошоците за изгледот на првата дама Меланија Трамп (48) не се вкалкулирани, таа имала посебен буџет за гардеробата и шминката. Познато е дека Меланија секој месец оди  еднаш кај својот фризер во Њујорк.