Затоплување околу Северниот пол е причината за снежната бура во Европа

Невообичаеното затоплување околу Северниот пол испраќа студен арктички ветар кон Европа и според научници, таквото „ненормално“ време може да се регистрира се почесто поради глобалното затоплување предизвикано од човекот.

Метеоролошката станица на Морис Џесап во најсеверниот дел на Гренланд, веќе 61 час регистрира температури што се рекордни досега за 2018 година. Таа појава се поврзува со невообичаеното за арктичката зима топење на мразот.

Според информации на Данскиот метеоролошки институт, во Арктикот навлегуваат топли бранови како од Атлантскиот Океан така и од Беринговиот проток од каде се носи студен воздух на југ. Во моментов, над целата арктичка област температурите изнесуваат минус осум степени Целзиусови, што е за околу 20 степени над нормата за сезоната.

Снежна бура зафати голем дел од Европа. Во Рим за првпат од 2012 година падна снег, затворени беа сите училишта. Во Москва температурите се намалија до речиси минус 20 што е рекорд оваа зима. Снег и студ зафатија реони во Германија и причинија смрт на осум луѓе во Полска.

– Никогаш не било волку екстремно со температурите, изјави Рут Мотрам, научник од данскиот метеоролошки институт.