Затворен аеродромот Џампино поради пожар на терминал

Римскиот аеродром Џампино денеска е затворен поради пожар на еден од терминалите, соопшти аеродромската управа.

– Аеродромот е затворен превентивно, изјави неименувана портпаролка на компанијата „Аеропорти ди Рома“.

Аеродромот Џампино го користи нискобуџетната авиокомпанија Рајнер.