Затвореник почина на Клиниката за токсикологија во Скопје


Битолчанецот Д.Б. (39) кој издржувал затворска казна во КПУ „Идризово“ ноќеска починал во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, каде бил донесен откако му се слошило додека бил во неговата ќелија.

Тој со возило на Итната медицинска помош од затворот во Идризово бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Скопје, каде кусо време по пристигнувањето починал.

Д.Б. во Казнено поправната установа „Идризово“ бил од 3 септември 2014 година, а осуден бил на затворска казна три години и седум месеци.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.