Замрзнување на крилата можна причина за исчезнување на авионот со Сала

Експертите за воздухопловство веруваат дека замрзнување на крилата на приватниот авион со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала е можна причина за исчезнување на леталото, објавиja британските медиуми.

Според нивното мислење, пораките на 28-годишен играч објавени на социјалните мрежи во кои пишувал дека авионот ќе се сруши, би можеле да бидат предизвикани од формирањето на мраз на крилјата, појава која Сала ја видел.

Вечерта на 21 јануари, Сала се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и со изнајмен приватен авион замина кон Велс за да потпише договор со Кардиф сити. По некое време по полетувањето, авионот исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови. На местото на исчезнувањето во тек е операција за пребарување и спасување. Откриени се метални предмети кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион.

Синоќа, потрагата беше привремено запрена, а од утринава активностите на спасувачките екипи продолжија.