Почина Оливер Драгојевиќ

Утрово во пет часот во една од сплитските болници почина Оливер Драгојевиќ, објави Слободна Далмација.

Великанот на хрватската и балканска музичка сцена имаше 71 година а почина точно една година од кога прв пат му беше дијагностициран рак на плуќата.

Смртта на Драгојевиќ ја потврди и неговото семејство.Оливер Драгојевиќ е роден на седми декември 1947 година во Сплит а детството го поминал во Вела Лука на островот Корчула. Првиот настап го имал на Сплитскиот фестивал кога имал 14 години со песната „Балони“ а две години подоцна почнал и професионално да се занимава со музика како пејач и клавијатурист во групата „Батали“.

Во текот на криерата добитник е на мноштво домашни и интернационални награди а настапувал и во престижните концертни сали како што се њујоршката Карнеги Хол, лондонската Ројал Алберт Хол, париската Олимпија како и Опера Хаус во Сиднеј, Австралија.