Закажан и втор концерт на Жељко Јоксимовиќ во Скопје

Закажан е втор концерт на балканската поп-ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во Скопје, во организација на продукцијата „Прагма“.

Традиционалниот предновогодишен проект “Два Света”, закажан за 23 декември во Македонската Опера и Балет, истата вечер, ќе има два термина. Во 19 часот и во 22 часот.

Со сосема поинаков звук и повеќе од 40 музичари на сцена, Јоксимовиќ предновогодишно ќе го разубави главниот град. Џез призвук и сосема поинаков аранжман на она на што сме навикнати да го слушаме од Жељко Јоскимовиќ.

Пред две година овој проект премиерно беше претставен пред македонската публика и истиот одлично беше прифатен. За тоа потврдуваат четирите последователни концерти кои се одржаа во Македонскиот Народен Театар.

Во овој проект, Жељко Јоскимовиќ ги има изменето аранжманите на неколку поп, рок, но и фолк песни и сега истите имаме можност да ги слушнеме во џез варијанта.