Заев: Ќе има дебата за даночните реформи

Премиерот Зоран Заев ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок. Тој рече дека ќе биде отворена дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

“Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите анализи, сите податоци и детали, за да биде квалитетна дебатата со внимателно слушање на граѓаните. Така и ќе постапиме, а евентуалното донесување на ваквите закони пред 1 јануари 2019 нема да влезе во имплементација“, изјави Заев.