Заев се сретна со делегација на Сојузот на борците на Македонија

Значајна е поддршката на борците од НОВ за вредностите на референдумот, било истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со делегација на Главниот одбор на Сојзуот на борците на Македонија (СБМ), соопшти владината служба за информирање.
Претседателот на ГО Никола Стојановски, потпретседателот Борко Зафировски, како и претседателот на ГО на Сојузот на Борците на Скопје Трајко Стаматовски изразиле благодарност за решението со кое на ГО на СБМ им е обезбеден простор во Домот на АРМ за извршување на админстративните и програмските активности на организацијата.
Заев на средбата истакнал дека ќе се разгледаат и најдат можности за решавање на блокираната сметка на Сојузот на борците на Македонија за да може Сојузот да го реактивира редовното работење, како и програмските активности по повод 70 години од основањето на организацијата на борците и 75 годишнината од одржувањето на АСНОМ кое ќе се одблежи со низа активности во текот на идната година.
– Делегацијата на Сојузот на Борците на средбата го поздрави договорот со Република Грција, а претседателот на Градскиот одбор на СБМ Стаматовски го покани премиерот Заев да учествува на дебата на која ќе бидат презентирани придобивките од договорот пред членовите на СБМ од повеќе општински организации кои ќе бидат поканети на овој настан, се вели во соопштението од владината прес-служба.