Заев: Сега сме чекор поблиску до Европската унија

Ова е еден од оние денови кога граѓаните на Македонија треба да бидат горди. Сега сме чекор поблиску до Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев по објавувањето на Извештајот на ЕК.

Препораката е чиста и безусловна, кажа премиерот, посочувајќи дека тоа значи овозможуање на почеток за преговори за членство во ЕУ.

– Денеска сме поблиску до ЕУ и до достигнување на економските стандарди на Унијата, за сите граѓани на нашата земја. Во својот извештај до Европскиот совет на ЕУ предложи кристално чиста  безусловна препорака за почеток на преговорите на РМ, рече Заев.