Заев: Сакаме пријателство со Русија

„Немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е тоа дека не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија, но таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западен Балкан“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

На прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев уште еднаш повтори дека за граѓаните на Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО и изрази надеж дека сите пријатели на Македонија ќе овозможат на 30 септември граѓаните слободно да гласаат и да го искористат своето демократско право без да дозволат било какво влијание од надвор бидејќи ова е историска одлука која мора самите да ја донесеме.

„ Фактите зборуваат дека ние немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е и тоа дека Русија не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија. Таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западнен Балкан, но генералено е против НАТО проширувањето со Македонија и тоа го комнентираат дури и јавно. Уште еднаш ќе кажам дека нема алтернатива за граѓаните на Република Македонија од целосното интегрирање во НАТО и ЕУ. Сакаме да градиме пријателство со сите земји, вклучително и со Русија. Имаме многу што да унапредиме во нашата соработка“, истакна Заев.