Заев на ФБ: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со државите од ЕУ

Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејбук профил во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители.