Заев му нудел на Јовановиќ место во советничкиот тим


Премиерот Зоран Заев му нудел место во својот советнилки тим на лидерот на опозициската ЛДП во Србија, Чедомир Јовановиќ. Како што објавува белградски „Блиц“, на Јовановиќ му било понуден да биде советник за регионална соработка и за европски интеграции.

Како што пишува „Блиц“, повеќегодишните добри релации меѓу Заев и Јовановиќ биле интензивирани за време на референдумот во Македонија.

Повикувајќи се на свои извори, „Блиц“ јавува дека Јовановиќ не му дал конечен одговор на Заев, туку посочил: „Ако сакаш ти, сака и Вучиќ. Подготвен сум, зашто никој друг нема да му помогне на регионот, ако ние не помогнеме“.