Заев до Меј: Ја заслужуваме европската иднина

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј се заблагодари на поддршката што доаѓа од Велика Британија.

“Со вашето присуство премиерке потврдивте дека Велика Британија останува заинтересирана и ангажирана за напредокот на регионот. Сакам да посочам дека успеавме Македонија од заробена држава да ја поставиме во функционална демократија преку определбата да ја градиме во едно општество за сите. Овој исчекор и реализацијата на планот 3-6-9 се вреднувани од ЕУ со чиста неусловена препорака. Ќе го спроведеме и планот 18 кој се однесува на владеење на правото и борбата против организираниот криминал. Овозможете ни ја европската иднина, jа заслужуваме”, истакна Заев.