Заев: Добивме потврда плус од Грција дека сме Македонци

Македонија нема друга алтернатива совен НАТО и ЕУ. Република Илинденска Македонија не само што го сочува, туку го унапредува нашиот идентитет. Притоа македонскиот јазик е потврден. Не слушнав сериозни аргументи против ова решение, рече премиерот Зоран Заев во вечерашнава дебата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

-Жицата е заштитена. Добивме потврда плус од Грција дека сме Македонци. Дека идентитетот ни е македонски, јазикот ни е македонски.  Лесно е да бидете само против, без да кажете алтернатива. Ако декларирате дека сте за НАТО и за ЕУ, мора да покажете флексибилност и решение. Ние не бегаме од референдум. Но, граѓаните чекаат лидерство. Бараат перспектива. Што ви пречи во Илинденска Македонија? Зошто сте вие против Илинден? – му рече Заев на Мицковски.

Според Мицковски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров побара „мудрост и трпение“ пред средбата со Коѕиас во Њујорк, затоа што можеби се наоѓа во поинаква психо физичка состојба од премиерот.

– ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав за промена на име. Ние немаме мандат од граѓаните тоа да го правиме. Но, еве ќе го потсетам Заев и на интервјуто кое го даде во февруари за германски „Шпигел“ каде рече дека „не треба решението да се бара во промена на Уставот“. Вие Зоране, сте го урнисале целокупниот процес на преговори што некој со години го создавал – рече Мицковски.

 

Дуелот следете го ТУКА