Заев во Берлин на средба со Меркел

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.

По средбата, како што соопшти владината прес-служба канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.

За време на посетата во Берлин, предвидено е македонскиот премиер да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.