Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа

Нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој повеќе нема законска можност за тоа, изјави премиерот Зоран Заев пред Кривичен суд каде беше поради случај кој се води за закани што преку Фејсбук ги добивал во 2016 година.
Според Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, бил донесен во моменти кога било потребно двотретинско мнозинство за уставните измени.
– Законот за амнестија се случи во рамки на помирувањето, тоа е многу сериозен процес, кога на државата и требаше двотретинско мнозинство. Јавно го кажувам тоа и не бегам од тоа. Верувам дека Парламентот нема потреба повеќе да посегнува по такви работи. Тој случај беше јасно издиференциран, каде се одделија сите кои учествуваа во организација на насилство, од оние кои беа заведени. Не верувам дека институциите, ниту Министерството за правда, ниту претседателот, ќе отворат таков случај на амнестија, изјави Заев.