Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова.
-Ако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори – изјави Заев.
Според премиерот владејачката СДСМ сѐ уште води пред ВМРО-ДПМНЕ, на анкетите, но со мала разлика.