Заев: Издвоивме едно решение , сега почнуваат консултации

Премиерот Зоран Заев соопшти дека  со грчкиот премиер Алексис Ципрас разгледале неколку опции од кои издвоиле една околу која ќе се консултираат дома двете страни. Според Заев предлози дошле од македонската страна.

„Се што беше постигнато досега го констатиравме и го потврдивме.За она што не е договорено, од опциите што ги утврдивме утврдивме една опција која е прифатлива за двете страни“, изјави Заев на прес конференцијата.

„Денес Македонија и нејзините граѓани одат напред. Оваа 2018 година е година на силни реформи и ја водиме Македонија во ЕУ“, рече Заев еуфорично претходно порачувајќи дека денес се соочуваме со нерешените проблеми и успеваме во тоа.

Иако Заев не потврди реално дека е постигнато решение практично кажа дека се дојдени до еден предлог даден од наша страна кој треба да го прифати или отфрли Грција, откако претходно се утврдени неколку можни опции за преостанатите нерешени аспекти од спорот.

„По пауза од 15 години Западниот Балкан повторно има место на европската сцена. Заробената држава и 25 годишниот спор за името беа најтешките проблеми.  Денес се соочуваме со нив и успеваме. На средбата со пријателот на Македонија, Алексис Ципрас заедно го костатиравме досегашниот напредок. Заедно ги разгледавме и можните опции за креативни решенија што македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите.Она што следи се консултации со релевантните политички фактори во двете земји,“ дообјасни Заев. Тој порача дека не е добро решението да се одлага за наесен туку да се реши до јунскиот самит. За средбата со Емануел Макрон, претседател на Франција и германската канцеларка Ангела Меркел Заев рече дека тие го препознале лидерството на Макеоднија и дале поддршка да се зајакне врската меѓу Македонија и ЕУ.

(Од нашиот известувач од Софија, Слободанка Јовановска)