Загина 40-годишен битолчанец во сообраќајка кај Могила

Битолчанецот Р.Г. (40) го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот патен правец Битола-Могила.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајната несреќа се случила кај местото викано „Туланата“ кога возачот Р.Г. управувајќи со своето патничко моторно возило марка „Ауди-А“ од непознати причини излетало од патот, по што паднало во каналот, а од здобиените повреди, возачот Р.Г. починал на местото на сообраќајната несреќа.

Екипи на СВР-Битола и основното Јавно обвинителство извршиле увид и наредена е обдукција за утврдување на причините на несреќата што синоќа се случи на регионалниот патен правец Битола-Могила.