Загина тракторист, откако му се превртел тракторот

Едно лице загина откако било нагмечено од тракторот што го управувал и што се превртел откако изгубил контрола над него.

– На 17 март околу 19:30 часот било пријавено дека во Кичево на локалниот пат кон село Папрадиште В.Ш. (22) од село Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето Н.Ш. (41) изгубил контрола над тракторот и се превртел, по што Н.Ш. скокнал од приколката, а В.Ш. бил нагмчен од тракторот и починал на самото место, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.