Загинаа еден американски и еден британски војник во Сирија

Двајца војници, еден припадник на британските вооружени сили и еден од американската армија, загинаа при експлозија на импровизирана експлозивна направа во Сирија.

„Скај њуз“, повикувајќи се на портпаролот на британското Министерство за одбрана, јави дека еден британски војник е убиен во Сирија.

Загинатиот американски војник е прва жртва на коалиционите сили во Сирија оваа година, соопштија денеска американски официјални лица.