Завршна ревија на студентите по моден дизајн од ТМФ: Не заплисна „нов бран“

Под насловот „Нов бран“ беше одржана годишната модна ревија на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Студентите се претставија со неколку дизајнирани парчиња облека изработена под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева.

Дизајните на студентите се инспирирани од француската кинематографија во периодот помеѓу 50-тите и 60-тите години на минатиот век и е продолжение на претходната ревија претставена во Францускиот институт во Скопје.