Заврши гласањето во македонската амбасада во Атина

Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина.

Веднаш по затворањето на гласачкото место, почна и пребројувањето на гласовите