Жрепката за Ф4 турнирот в среда во Келн

Жрепката за годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи во среда (2 мај) во Келн, а Вардар, кој е бранител на титулата, во полуфиналето ќе се соочи со една од трите француски екипи ПСЖ, Нант или Монпеље.

Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепката од еден барабан, а тимовите ќе играат според тоа како ќе бидат извлечени, без разлика дали претходно имале меѓусебни натпревари во групната фаза.

Турнирот ќе се одржи во „Ланксес арена“ во Келн. На 26 мај ќе се играат полуфиналните средби, а на 27 мај натпреварот за трето место и финалето.

Билетите веќе се пуштени во продажба и се движат од 75 до 345 евра.