Жицницата ќе работи и во вторник, превозот до Водно бесплатен

Жичницата на Водно во вторник ќе работи со вообичаено работно време и покрај тоа што станува збор за последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот. Од ЈСП Скопје велат дека одлучиле позитивно да одговорат на барањето на граѓаните жицницата „да не земе слободно“, затоа што станува збор за неработен ден (Богородица), поради што се очекува зголемена фрекфенција на Водно.

„Истовремено, сакаме да напоменеме дека автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе возат по неделен возен ред, а превозот за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници. Редовниот сервис на објектот ќе  се изврши ден подоцна кога жичницата нема да работи“, соопштуваат од ЈСП.