Жестоки навивачи: Ева Лонгорија го облече синчето во дрес од Мексико

САД–  Ѕвездата на „Очајни домаќинки”  ги воодушеви сите со оригиналната фотографија на нејзиниот син, што го донесе на свет пред една недела.

Актерката Ева Лонгорија неодамна стана мајка за прв пат на 43 години, а сега таа ги воодушеви своите обожаватели со оваа преслатка фотка од синот.

На 19и јуни, Ева доби син со сопругот, медимскиот могул Сантијаго Енрике, кој го облече во зелен мексикански дрес со натпис „Санти” и број 8, како жесток навивач на Мексико и љубител на фудбалот, со цел да им даде поддршка на играчите во сегашниот Мундијал во Русија.