Жерновски си замина за време на говорот на Иванов во ОН

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Генералното собрание на ОН за време на говорот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
За овој гест на несогласување со тезите што Иванов ги изнесе во Њујорк, главно насочени против Грција, меѓународната заедница и договорот за името, Жерновски споредли објава на својата ФБ-страница.
-Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата е, всушност, апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации.Македонија нема повеќе време за губење. Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина, напиша Жерновски на ФБ.
Тој пред неколку дена извести и дека седел веднаш до претседателот Иванов во седиштето на ОН и дека не проговориле ниту еден збор.