Жерновски во ОН: НАТО и ЕУ очекуваат непречено спроведување на референдумот и на Договорот со Грција

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е дел од македонската делагеција на 73. Генерално собрание на ОН, вчера присуствуваше на повеќе настани на високо ниво, додека денеска свое обраѓање пред ГС ќе има Претседатеот Ѓорге Иванов.

Тој свое обраќање имаше на состанокот на иницијативата на ЕУ “Алијанса против трговијата со инструменти за тортура”, каде Македонија се приклучи кон заедничкото коминике на државите- учеснички, потврдувајќи ги националните ставови за почитување на човековите права и минимизирање на нехуманите практики и деградирачкиот третман кон луѓето.

Жерновски присуствуваше и на традиционалната годишна трансатлантска вечера, организирана од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на која присуствуваше и генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенбер, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Впечатокот од приемот, како и разменетите мислења со присутните, ја потврдуваат споделената визија за РМ како идна рамноправна членка на НАТО, од страна на сите постоечки членки на Алијансата. Изразени беа очекувањата за непречено спроведување на претстојниот референдум, следствено и успешна имплементација на потпишаниот меѓународен договор со Грција, изјави Жерновски за МИА.

Тој синоќа присуствуваше и на вечерата за шефови на држави и влади за државите од Западен Балкан, организирана од Могерини и Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

– На вечерата беа пренесени пораките за вреднување на постигнатиот напредок на нашата земја, која како успешна приказна ги зајакнува реалните перспективи на Западниот Балкан за релативно брза интеграција во евро – атлантските структури, укажа Жерновски.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингон, во текот на вчерашниот ден беа остварени повеќе билатерални средби, меѓу кои се издвојуваат средбите со директорот за ОН и Франкофонија при француското МНР, со политичкиот директор за Европа при ОН, Левент Билман, со претставници на Американскиот еврејски комитет како и со колегата на Жерновски од Грузија, и со останати високи официјални лица.

Учеството на Жерновски, на 73. ГС на ОН, како дел од македонската делегација во која е и Иванов, продолжува и денеска со учество на состанок со земјите од Јадранската повелба, како и повеќе билатерални состаноци и средби.

Претседателот Иванов се очекува да има свое обраќање пред ГС на ОН денеска претпладне околу 11 часот по американско време.