Жерар Депардје обвинет за силување на колешка

Франција-Aктерот Жерар Депардје е под истрага од страна на Обвинителството во Париз, поради обвинение за силување и сексуален напад, изјавил денес извор од тој суд, додека актерот го негирал обвинението.

Отворена е прелиминарна истрага, околу наводите за силување и сексуален напад, против францускиот актер Жерар Депардје, соопшти денеска францускиот судски претставник. Депардје ги негира сите обвинувања.

Францускиот претставник изјавил дека жена во понеделникот поднела жалба во близина на јужниот француски град, Екс-ан-Прованс, а случајот бил поднесен вчера со Обвинителството во Париз.

Адвокатот на Депардје, Ерве Темим, за француската телевизија “БФМ ТВ”, изјавил дека актерот “апсолутно негира какви било обвинувања за силување, сексуален напад или некаков вид на злосторство”.

“Можам да потврдам дека тужбата беше предадена на Обвинителството на Аксан-Прованс, на 27-ми август. Случајот беше предаден на парискиот обвинител”, рече изворот, пренесува агенцијата “Ројтерс”.

Францускиот весник “Le Parisien” и “БФМ ТВ” објавиле дека таа жена всушност е 22-годишна актерка и танчерка. Таа изјавила дека 69-годишниот Депардје ја нападал на 7-ми и на 13-ти август, во неговиот дом во Париз.

Адвокатот на актерот, Ерве Темим, изразил жалење поради јавната природа на оваа процедура, која му нанесува голема штета на Депардје, чија невиност, како што рекол, сигурно ќе биде препознаена.

Тој исто така повикал на максимална воздржаност, смиреност и почитување на правата на сите страни.