Жените во ЕУ заработуваат 16,2 отсто помалку од мажите

Жените во ЕУ за својата работа се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, соопшти денеска Европската комисија, сликовито опишувајќи ја разликата во платите меѓу мажите и жените.

Таканаречниот Ден на еднакви плати ден е прогласен за да се предупреди на фактот дека жените во ЕУ се уште  заработуваат помалку од мажите, дури и кога вршат иста работа на исто работно место.

Жените во ЕУ заработуваат во просек 16,2 проценти помалку од мажите, покажуваат најновите податоци.

– Жените и мажите се еднакви. Таа е една од темелните вредности на ЕУ, изјавија еврокомесарката за правосудство Вера Јурова, комесарката за вработување Мариен Тисен и потпретседателот Франс Тимерманс.

– Сепак, жените два месеца работат бесплатно секоја година во однос на нивните колеги. Оваа ситуација веќе не може да биде прифатлива, оценија тројцата претставници на Европската комисија.

Повикувајќи ги европратениците и државите-членки да ја одобрат иницијативата која ја прелдожи извршниот орган на ЕУ со цел надминување на родовиот јаз во платите, на пример со подобрување на правата на вработените родители.

Податоците објавени денеска покажуваат и се уште големи разлики помеѓу мажите и жените на породилно отсуство.

Во ЕУ, 36 проценти од мажите велат дека не сакаат да земат породилно отсуство, а истиот одговор го дале 19 отсто од жените, покажуваат податоците на Евробарометар.

– Само четворица од десет лани зеле родителско отсуство или планирале тоа да го сторат. Тоа не е ниту фер, ниту одржливо, оценуваат еврокомесарите.